На некој му текна: Американски професор вели ситуацијата на Македонија е слична на Украина – И неа ја негираат!

t

Поголема земја се обидува да го негира македонското право да го одреди својот национален идентитет различно од оној во Бугарија и тоа навистина е иста работа со руските тврдења за Украина, вели Френсис Фукујама, професор, филозоф и автор на „Крајот на историјата и последниот човек“.

Тој во интервјуто за Радио Слободна Европа вели дека многу европски земји имаат крајно десничарски екстремни движења и од тоа мораат да се пазат. Фукујама додава дека исходот од војната во Украина ќе одреди како ќе изгледа светот и дека по руската инвазија повеќе ќе се цени живеењето во либерален поредок.

-Мислам дека има многу сличности бидејќи во случајот со Македонија, една земја, поголема земја се обидува да го негира македонското право да го одреди својот национален идентитет на поинаков начин, со поинаков историски наратив од оној во Бугарија и тоа навистина е иста работа со руските тврдења во однос на Украина.

Јас мислам дека основниот принцип на двете демократии и меѓународните односи е дека сите луѓе треба да бидат слободни да си го одредат својот сопствен наратив и тоа да не биде диктирано од други земји, од други поголеми земји кои сакаат да им кажат различни приказни. И мислам дека од таа перспектива е доста слично, вели Фукујама.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…

Министрите за надворешни работи на Украина и…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…