На некој му текна: Американски професор вели ситуацијата на Македонија е слична на Украина – И неа ја негираат!
Поголема земја се обидува да го негира македонското право да го одреди својот национален идентитет различно од оној во Бугарија и тоа навистина е иста работа со руските тврдења за Украина, вели Френсис Фукујама, професор, филозоф и автор на „Крајот на историјата и последниот човек“.
Тој во интервјуто за Радио Слободна Европа вели дека многу европски земји имаат крајно десничарски екстремни движења и од тоа мораат да се пазат. Фукујама додава дека исходот од војната во Украина ќе одреди како ќе изгледа светот и дека по руската инвазија повеќе ќе се цени живеењето во либерален поредок.
-Мислам дека има многу сличности бидејќи во случајот со Македонија, една земја, поголема земја се обидува да го негира македонското право да го одреди својот национален идентитет на поинаков начин, со поинаков историски наратив од оној во Бугарија и тоа навистина е иста работа со руските тврдења во однос на Украина.
Јас мислам дека основниот принцип на двете демократии и меѓународните односи е дека сите луѓе треба да бидат слободни да си го одредат својот сопствен наратив и тоа да не биде диктирано од други земји, од други поголеми земји кои сакаат да им кажат различни приказни. И мислам дека од таа перспектива е доста слично, вели Фукујама.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ ја обвини Русија дека „планирала да…
Обвинението на ФБИ против Русија беше објавено…
Украина и Полска: Руската закана веќе е…
Украина и Полска предупредија на зголемена руска…
Кремљ го поздрави апелот на Трамп, Украина…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска го…
Трамп: Киев се согласи да ги запре…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина…
Припадник на британските вооружени сили загина во…
Припадник на вооружените сили на Обединетото Кралство…