На планината Серта изгореле 9.000 хектари шума- Македонски шуми со првична процена за штетите

t

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги соопшти првичните процени за штетите од пожарите. Според нив, на планината Серта, каде што со денови пустошеа силни огнови, изгореле 9.000 хектари шума. Од страната кон Неготино се опожарени над 5.500 хектари, а од штипската страна пеплосани се близу 3.000 хектари или вкупно околу 8.500 хектари. Според првичните проценки, повеќе од 38 милиони денари изнесува вкупната штета од 73 пожари од јануари до јуни годинава. Во изминатиот период огнот беснееше и во Радовишко и Струмичко. На планината Плачковица се пеплосани 197, а во Струмичко 400 хектари.

– Пред сè се работи за шума што е со слаб квалитет, тоа е слаба дабова шума, меѓутоа она што е најважно да се каже е дека, тоа за регионот и пошироко ќе значи еколошка бомба. Тоа е она што мора да го имаме предвид ние и сите општествени чинители во Македонија – изјави Кире Михаилов, заменик-генерален директор на Македонски шуми. По згаснувањето на пожарите, следи чистење на планината, а потоа ќе почне пошумувањето. Но, во расадниците на национални шуми нема доволно садници за обновување на опожарените подрачја.

За потсетување, државава во периодот од јуни до септември 2021 година се случиле 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11.420 хектари површината под шума. Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52,2 отсто, шумите од листопадни видови со 30,2 отсто, шумите од иглолисни видови со 10,1, додека приземната вегетација учествуваше со 7,4 отсто. Од јуни до септември 2021 година, опожарената дрвна маса во шумите изнесуваше 482.106 м3, а износот на проценетата материјална штета изнесуваше над 2, 3 милијарди денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На планината Серта изгореле 9.000 хектари шума-…

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги соопшти првичните…

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

По тринаесет дена пожарот кај Серта е…

Пожарот кај Серта е целосно изгаснат по…

Две активни жариша во штипскиот дел на…

Пожарникарите од рано утрово интервенираат на две…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…