На повидок нови скандалозни измени на КЗ: Министрите и одговорните во државната управа ,,амнестирани” за несовесно работење во службата!?
Новите измени на Кривичниот законик, кои се поднесени од девет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, веќе предизвикуваат сериозни ракции и загриженост кај стручната јавност. Првата оценка е дека има подобрување во однос на заострување на казните поврзани со кривичното дело ,,Злоупотреба на службената положба и овластување”, но сепак казнената политика е поблага во однос на законското решение кое беше на сила до 2023 година.
Поточно, сега највисоката казна предвидена за функционерите кои ќе ја злоупотребат злужбената положба и овластување, кај едно од делата, е максимум 10 години, а со старото законско решение лимитот беше максимални 20 години.
Но, сепак, она што го оценуваат како скандалозно, е што со новите измени од одговорност, во еден дел, се изземааат одговорните во државната управа, а во која спаѓаат и министерствата. Па така, доколку измените добијат зелено светло во Собранието, во иднина, за несовесно работење во службата нема да одговараат одговорните лица во државната управа.
Имено, во постоечкото решение, членот 353в, ставот 5, гласи:
,,Службено лице или одговорно лице во орган на државна управа или друго правно лице кое со повреда на законските прописи за спроведување на управна постапка, со пропуштање на должен надзор или на друг начин несовесно постапува во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години и со парична
казна”.
Во новите измени е избришан ставот 5 од член 353в.
Исто така, има сериозни забелешки и за новиот член кој во живот требаше да ги врати злоупотребите во јавните набавки, односно важниот член 353 став 5.
Новиот член гласи:
,,Службено лице или одговорно лице кое спротивно на закон, набави стоки, услуги или работи без да спроведе постапка за јавна набавка во случаите кога било должно да ја спроведе или направи измени на договорот за јавна набавка или рамковната спогодба за време на нивната важност
спротивно на закон над законски утврдениот вредносен праг, ќе се казни со затвор од една до осум години, а доколку со делото од овој став е прибавена имотна корист од големи размери или е причинета имотна штета од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор од четири до десет години.“
Експертите со кои разговараше ,,Фокус” коментираат дека со вака поставен член тешко дека во пракса ќе произлезат обвиненија за злоупотреби при јавни набавки, бидејќи злоупотребите се прават во друга насока, а тоа било прецизно укажано од претставниците од Бирото за јавни набавки, но очигледно ваквите забелешки воопшто не биле земени во предвид.
Она што исто така е важно да се напомене дека измените се поднесени од група пратеници, а не законското решение кое со месеци се подготвуваше во Миниатерството за правда. Зошто во Собранието не стигна измените од правда, од Владата за ,,Фокус” велат:
-Нацрт верзијата на Кривичниот законик која ја подготвува Министерство за правда е во завршна фаза. Во моментов, се врши усогласување со три нови ЕУ директиви кои стапија на сила во меѓувреме. Веднаш штом биде конечно завршен имаме обврска да го доставиме на мислење до Европската комисија, па потоа да влезе во собраниска процедура. Кратките измени на КЗ се вршат заради имплементација на проектот сејф сити. Заедно со тие измени ќе се вршат измени и на делата „злоупотреба на службената положба и овластувања“, „злосторничко здружување“ и „несовесно работење во служба“, велат од Влада.
Еден од предлагачите, пратеникот Љупчо Пренџов, на прашањето на ,,Фокус”, зошто не го почекале предлогот од Правда, изјави дека тие како пратеници имаат право да предлагаат законски решенија, а се воделе од рокот кој им беше даден од Уставниот суд. Сепак напоменува дека измените ќе одат по редовна постапка, па така ќе бидат отворени за сугестии и забелешки.
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На повидок нови скандалозни измени на КЗ:…
Новите измени на Кривичниот законик, кои се…
Се угушивме од марихуаната, влегува преку аспираторите-…
Животот во колективни згради носи предизвици, но…
Зеленски ненајавено допатува во Брисел: Украина ќе…
– На Украина сè поитно и е…
Две кошници, едно прашање – со колку…
Од Владата најавија дека до Нова година…
Крадец го нападнал со скалпел сопственикот на…
Основното јавно обвинителство Битола поведе истражна постапка…