Зеленски ненајавено допатува во Брисел: Украина ќе се соочи со финансиски тешкотии ако не обезбеди финансирање
– На Украина сè поитно и е неопходно ново финансирање, бидејќи и претстои буџетски дефицит од 45 до 50 милијарди евра за следната година и ќе се соочи со финансиски потешкотии, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ненајавено допатува во Брисел на Самитот на ЕУ на кој главна тема е токму начинот како да се обезбедат средства за покривање на финансиските потреби на Киев за 2026 и 2027 година.
Зеленски изјави дека не знае како ќе завршат преговорите меѓу европските лидери за финансирањето на неговата земја, но нагласи дека ако да на пролет не добие нови средства, Украина ќе мора да го намали производството на дронови.
Украинскиот претседател додаде дека Украина е целосно посветена на актуелниот мировен процес предводен од САД, но дека не е сигурен дека тој ќе даде резултати.
– Украина прави сè што е во нејзина моќ за да заврши војната, но нема гаранција дека тој процес ќе успее, особено поради се помалку помирувачките коментари од Кремљ, рече Зеленски.
Според него, од тие причини, во моментов е најважно Украина да се доведе во позиција да остане силна и да продолжи да се бори.
Зеленски информира и дека имал „добар разговор“ со белгискиот премиер Барт де Вевер, кој се противи на планот за т. н.
заем за репарации, кој предвидува користење на замрзнатите руски средства за покривање на финансиските потреби на Украина, стравувајќи од последиците и ризиците по Белгија од таквиот предлог.
Украинскиот претседател додаде дека му порачал на Де Вевер оти ја разбира загриженоста на Белгија околу ризиците од планот, но дека мора да сфати оти „Украина е во војна и се соочува со уште поголеми ризици“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…