На преминот Блаце уапсени Албанец и Косовец кои биле барани од Интерпол
Вчера на преминот Долно Блаце, при гранични проверки биле уапсени едно лице државјанин на Албанија и едно лице државјанин на Косово кои биле барани од Интерпол.
„Вчера (22.08.2025) во 10:15 часот и на 23.08.2025 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Е.(30) од Република Албанија и Д.Ш.(23) од Косово. При гранични проверки било констатирано дека С.Е. евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Белгија, додека Д.Ш. евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија, се наведува во полицискиот билтен.
Двајцата биле предадени на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР за понатамошна постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На преминот Блаце уапсени Албанец и Косовец…
Вчера на преминот Долно Блаце, при гранични…
Зеленски обвинува дека Путин избегнува средба, Лавров…
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави…
Пронајдено исчезнато 14-годишно девојче од Струмица, сакале…
Во Скопје е пронајдена малолетничката за која…
Потресни сцени: Италијански кардинал ги читаше имињата…
Италијанскиот кардинал Џузепе Зупи и членовите на…
Професорот Трајковски со нова брутална анализа: Странските…
Странските инвеститори никогаш не влегуваат во Македонија…