На преминот Блаце уапсени Албанец и Косовец кои биле барани од Интерпол

t

Вчера на преминот Долно Блаце, при гранични проверки биле уапсени едно лице државјанин на Албанија и едно лице државјанин на Косово кои биле барани од Интерпол.

„Вчера (22.08.2025) во 10:15 часот и на 23.08.2025 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Е.(30) од Република Албанија и Д.Ш.(23) од Косово. При гранични проверки било констатирано дека С.Е. евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Белгија, додека Д.Ш. евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија, се наведува во полицискиот билтен.

Двајцата биле предадени на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…

Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…