Објавено на:

На Пригожин му ги вратија одеземните милиони за време на бунтот како и пиштолот што го добил од Шојгу

t

Руските власти му вратиле 10 милијарди рубљи (111,2 милиони долари) на протераниот водач на компанијата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кои биле запленети во полициските рации кои беа извшрени во време на неговиот бунт минатиот месец, пишува The Moscow Times.

Полицијата во Санкт Петербург запленила голема сума пари – заедно со „стотици илјади“ американски долари како и пет златни прачки – во рациите на имотите поврзани со Пригожин на 24 јуни.

Претресите беа извршени како дел од истрагата за бунтот против водачот на Вагнер, обвинение од кое претседателот Путин се согласи да го откаже во замена на запирањето и повлекувањето на Пригожин и негово доброволно заминување во егзил во Белорусија.

Истите медиуми наведуваат и дека на Пригожин му бил вратен пиштолот Глок што го добил како награда од министерот за одбрана Сергеј Шојгу, како дел од враќањето на арсеналот оружје пронајден при претресот на неговата куќа за време на бунтот.

Според руските медиуми, на Пригожин му биле вратени двата ловачки карабини , полуавтоматска пушка и уште неколку пушки и пиштоли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…

Новата учебна година во Битола ќе ја…