На Родос засега нема македонски државјани кои побарале помош поради големите шумски пожари
Во големата и масовна евакуација на туристички места во источниот и југоисточниот дел на грчкиот остров Родос, засега, меѓу туристите нема македонски државјани кои побарале помош од нашата амбасада во Атина.
Според информациите на МИА амбасадорката на Македонија во Грција е во постојан контакт и со нашето МНР и со грчките надлежни органи.
Во Министерството за надворешни работи на Грција од вчера е активирана Единицата за управување со кризи, а персонал од Министерството заминува на островот, каде што од 17 часот попладнево на аеродромот на Родос ќе се отвори Help desk за, во соработка со амбасадите, да го олесни заминувањето од островот на странските државјани кои ги загубиле нивните патните исправи.
Според првичните процени на полицијата, на грчкиот остров Родос поради големиот пожар, досега, превентивно биле евакуирани околу 19.000 лица, туристи и локално население, објави грчката новинска агенција АНА-МПА и коментира дека станува збор за најголемата акција за евакуација на жители и туристи што досега била спроведена во Грција.
Мнозинството од евакуираните, 16.000 лица по копнена пат со возила и автомобили биле пренесени на безбедни локации, а останатите 3.000 по морски пат, со чамци и бродови на крајбрежната служба, но и приватни и туристички.
Досега биле превентивно беа евакуирани 11 населени места, но и големи хотели.
АНА-МПА пишува дека според брзата помош и здравствениот центар на Родос, девет лица биле примени во болница со проблеми со дишењето и веднаш биле пуштени, а хоспитализирани се две лица, едно со скршеница по пад при евакуација на хотел и една 31-годишна бремена жена која е во добра здравствена состојба.
Паралелно, според истите информации на грчката новинска агенција, за подрачјата погодени од пожарот, тур-операторите издале наредба чартер- летовите да пристигнуваат празни за да се преземаат оние посетители кои сакаат да го напуштат островот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Масовна евакуација на домови и болници поради…
Во околината на Атина продолжува масовната евакуација…
Детали за пожарите низ Македонија: Гори речиси…
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека на Плакенска…
ВРЕДИ: Очекуваме Минчев да ги поништи огласите…
Кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека…
Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…
Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…