НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР ИМА НЕДОСТИГ НА НАФТА ОД 20%: Фицо предупреди дека е загрозена испораката во „Словнафт“
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо денеска изјави дека владата е информирана оти испораката на сурова нафта до рафинеријата „Словнафт“ станала комплицирана поради доцнења на испораките, првенствено од азиските земји.
– Претставници на рафинеријата „Словнафт“ денеска нè информираа дека на меѓународниот пазар има недостиг од околу 20 проценти нафта. Ова е толку огромна количина што автоматски создава кризни услови. Исто така, бевме информирани дека има случаи кога компанија нарачува танкер, а потоа открива дека некој друг дал повеќе пари за тој танкер. Ова главно се однесува на земји како Јапонија, Кина и Јужна Кореја – посочи Фицо.
Тој истакна и дека претстојниот самит на ЕУ за енергетика, што ќе се одржи в четврток, ќе биде големо фијаско, бидејќи нема да бидат презентирани конкретни предлози, како што се мерки за намалување на цените на електричната енергија.
– Тензиите нагло се зголемуваат, бидејќи унгарската влада продолжува да го блокира доделувањето на 90 милијарди за Украина. Во овие околности, од најголема важност е словачката влада да одржи одреден степен на стабилност на цените на горивата, истакна Фицо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР ИМА НЕДОСТИГ НА НАФТА…
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо денеска изјави…
Албанија го прогласи Иран за спонзор на…
По изгласувањето, од страна на албанскиот парламент,…
Шри Ланка воведе неработна среда за да…
Шри Ланка одлучи секоја среда да биде…
Шилегов по одлуката на СДСМ: Имам што…
Извршниот одбор на СДСМ вчера донесе одлука…
(Видео) „Трамп ме прати да проверам дали…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се потсмева на…