НА СВЕТСКИОТ ПАЗАР ИМА НЕДОСТИГ НА НАФТА ОД 20%: Фицо предупреди дека е загрозена испораката во „Словнафт“
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо денеска изјави дека владата е информирана оти испораката на сурова нафта до рафинеријата „Словнафт“ станала комплицирана поради доцнења на испораките, првенствено од азиските земји.
– Претставници на рафинеријата „Словнафт“ денеска нè информираа дека на меѓународниот пазар има недостиг од околу 20 проценти нафта. Ова е толку огромна количина што автоматски создава кризни услови. Исто така, бевме информирани дека има случаи кога компанија нарачува танкер, а потоа открива дека некој друг дал повеќе пари за тој танкер. Ова главно се однесува на земји како Јапонија, Кина и Јужна Кореја – посочи Фицо.
Тој истакна и дека претстојниот самит на ЕУ за енергетика, што ќе се одржи в четврток, ќе биде големо фијаско, бидејќи нема да бидат презентирани конкретни предлози, како што се мерки за намалување на цените на електричната енергија.
– Тензиите нагло се зголемуваат, бидејќи унгарската влада продолжува да го блокира доделувањето на 90 милијарди за Украина. Во овие околности, од најголема важност е словачката влада да одржи одреден степен на стабилност на цените на горивата, истакна Фицо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерство за одбрана до ДУИ: Целата постапка…
По обвинувања од политичка партија за наводно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
Одложено денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува…
Судското рочиште за предметот „Државна лотарија“, кое…
Муцунски: Работиме на дијалог со Бугарија, за…
Дијалогот што во моментов се води во…
РЕМ покрена нова постапка против телевизијата Информер
Советот на српското Регулаторно тело за електронски…