На секои 100 граѓани, речиси 22-ца се сиромашни
На секои 100 граѓани во Македонија, речиси 22-ца живеат под прагот на сиромаштијата, односно стапката на сиромаштијата во 2024 година изнесуваше 21,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со сериозни егзистенцијални предизвици се соочува секое второ семејство во нашата земја, покажаа податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија и врз основа на што ДЗС ги пресмета таканарчените лаекенските индикатори за сиромаштија за 2024 година.
Лаекенските индикатори се збир на статистички показатели што се користат за мерење и следење на сиромаштијата и социјалната исклученост во земјите на Европската Унија и земјите кандидати. Овие индикатори беа усвоени во декември 2001 година од страна на Европскиот совет во Лаекен, Белгија, со цел да се овозможи споредливост на податоците меѓу различните држави.
Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход.
Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2024 година е 17,1 отсто. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 7,9 отсто, додека стапката на сиромашни пензионери е 12 отсто.
За едночлено домаќинство, прагот изнесувал 178.286 денари годишно, додека за четиричлено домаќинство (двајца возрасни и две деца под 14 години), прагот бил 374.400 денари годишно.
Најранливи категории се децата до 17 години, со стапка од 29,5 отстоа, а самохраните родители се со стапка од дури 45,8 отсто.
Многучлените семејства (со три или повеќе деца) имаат највисок ризик со стапка од 54,8 отсто.
Кај вработените лица стапката на сиромаштија е ниска (7,9%), додека кај невработените таа е драстично повисока и изнесува 45,7%.
Инаку, листата на лаекенски индикатори првично вклучуваше 18 индикатори поделени во четири клучни димензии: финансиска сиромаштија, вработеност, здравство и образование. Најважните од нив се: Стапка на ризик од сиромаштија (според возраст, пол, тип на домаќинство и активност) и тн.
Се мери и нееднаквоста во распределбата на приходите, при што коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесуваше 29,2 отсто, и има тренд на намалување (во 2020 беше 32,5 отсто).
Џини индексот ја мери економската нееднаквост во едно општество и се движи на скала од 0 до 100 (или 0 до 1), при што 0 значи совршена еднаквост (сите имаат ист приход), а 100 значи совршена нееднаквост (еден човек го има целиот приход). Вредноста 29,5 се смета за умерена нееднаквост.
Инаку, според статистичките податоци, без социјалните трансфери и пензиите стапката на сиромаштија би достигнала 39,4 проценти, што покажува дека државната поддршка во спречувањето на продлабочување на сиромаштијата има голема улога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На секои 100 граѓани, речиси 22-ца се…
На секои 100 граѓани во Македонија, речиси…
Министерството за правда се огласи по статусот…
Министерството за правда соопшти дека во врска…
Судска медицина: Јаглероден моноксид главна причина за…
На денешното судско рочиште за трагичниот пожар…
Митко Чавков е пуштен на условен отпуст
Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков,…
Кумановец ја силувал сопругата
Кривично ќе се гони кумановец затоа што…