На сплавот што потона имало два-три пати повеќе луѓе од дозволеното
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ вели дека, според неговите информации, причината за потонувањето на сплавот „Фристајлер“ е тоа што на него се качиле два до три пати повеќе луѓе од дозволеното и дека понтоните што биле додадени на сплавот не биле со иста издржливост како претходните. Шапиќ вели дека ќе има контроли и драконски казни, но и кривична одговорност, објави ртс.рс.
„Ќе се обидеме да извлечеме поука од ова за никогаш повеќе да не се повтори и да одговараат оние кои следниот пат ќе пуштат поголем број луѓе од пропишаното, а ќе треба да се испита и квалитетот на понтонот и да се даде јасен услов колку луѓе можат да влезат. Ќе имаме контроли, ќе има драконски казни, ќе одговараат кривично, без разлика дали нешто ќе се случи или не“, нагласи Шапиќ.
Белградскиот сплав „Фристајлер“ до половина потона синоќа за време на новогодишната ноќ. Очевидци на драмата што се случила во популарниот клуб велат дека водата почнала да надоаѓа десет минути по полноќ, но дека на почетокот не разбрале што се случува. Кога сплавот се навалил, почнала паниката и стампедото кон излезот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…
ЕУ донираше 35 милиони евра за Србија…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…
Детална истрага за регионалниот крах на електроенергетскиот…
Комитетот за системско работење на Европската мрежа…
Машала: ЕУ ќе даде 500 милиони евра…
Европската комисија го усвои Предлог-буџетот на ЕУ…