Објавено на:

На сплавот што потона имало два-три пати повеќе луѓе од дозволеното

t

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ вели дека, според неговите информации, причината за потонувањето на сплавот „Фристајлер“ е тоа што на него се качиле два до три пати повеќе луѓе од дозволеното и дека понтоните што биле додадени на сплавот не биле со иста издржливост како претходните. Шапиќ вели дека ќе има контроли и драконски казни, но и кривична одговорност, објави ртс.рс.

„Ќе се обидеме да извлечеме поука од ова за никогаш повеќе да не се повтори и да одговараат оние кои следниот пат ќе пуштат поголем број луѓе од пропишаното, а ќе треба да се испита и квалитетот на понтонот и да се даде јасен услов колку луѓе можат да влезат. Ќе имаме контроли, ќе има драконски казни, ќе одговараат кривично, без разлика дали нешто ќе се случи или не“, нагласи Шапиќ.

Белградскиот сплав „Фристајлер“ до половина потона синоќа за време на новогодишната ноќ. Очевидци на драмата што се случила во популарниот клуб велат дека водата почнала да надоаѓа десет минути по полноќ, но дека на почетокот не разбрале што се случува. Кога сплавот се навалил, почнала паниката и стампедото кон излезот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Балканска работа: Српски историчар го прогласи Рилскиот…

Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за…

Небензја: Денеска над Балканот демне опасност од…

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН,…

Се очекува да ја престигнеме Србија: Македонија…

Македонија е втора земја во регионот според…

„Волстрит џурнал”: Вучиќ и Путин сакаат да…

Додека сите очи се вперени во Украина,…

Зеленски денеска пристигнува во Тирана

Денеска во Тирана ќе се одржи Самит…