На чекор до Трета Светска Војна и Армагедон?
НАТО ќе испрати војници во Украина и ќе учествува директно во конфликтот доколку Вашингтон одбие да обезбеди безбедносни гаранции за Киев. Оваа изјава ја даде поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.
„Група земји од НАТО можеби ќе сакаат да испратат војници во Украина доколку земјите-членки, вклучително и САД, не му дадат на Киев вистински безбедносни гаранции на самитот на Алијансата во Вилнус“, го изрази своето мислење Расмусен.
„Ако НАТО не може да се договори за јасен пат за Украина, постои можност некои земји да преземат акција од случај до случај“, рече Расмусен.
Тој истакна дека Полска, особено, „е многу заинтересирана да обезбеди конкретна помош“ за Киев, а може да ја следат и балтичките земји. Меѓу мерките, екс-генералниот секретар не ја исклучи можноста за испраќање војници. „Не треба да ги потценуваме полските чувства, Полјаците чувствуваат дека Западна Европа предолго не ги послуша нивните предупредувања против вистинскиот руски менталитет“, рече тој. Расмусен барањето на Украина за таква воена помош го нарече „апсолутно легално“.
Фејсбук статус на Дарко Тодоровски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…