Објавено на:

Неверојатна снимка од Германија: Поради силниот град улиците се чистат со механизација

t

Силно невреме го погоди германскиот град Ројтлинген во провинцијата Баден-Виртемберг, каде за краток временски период паднаа над 30 сантиметри град, поради што теренот мораше да се чисти со собирачи за снег.

Во комбинација со лисја и отпад, парчиња мраз ги блокираа одводните цевки, кои поплавија гаражи, подруми и станбени згради, јавуваат локалните медиуми.

Нивото на реката во овој град набрзо се покачило за 1,50 метри, но за среќа не се излеало од коритата. Техничките служби и пожарникарите имаа полни раце работа, а на улица излегоа и багери.

Снимките од погодениот град покажуваат улици покриени со мраз и збунети жители како стојат и гледаат наоколу со неверување.

Дури и вработените во техничките служби ги чистат улиците со кратки ракави. Ројтлиген се наоѓа недалеку од Штутгарт во југозападниот дел на Германија.

Потсетуваме, лошото време во претходните 48 часа го зафати јужниот дел на Германија, Австрија, Словенија кои претрпеа катастрофални поплави и помал дел од Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…