Објавено на:

Невремето отвори дупка на патот Македонска Каменица – Делчево: Сообраќајот е во прекин

t

Дупка на регионалниот пат Македонска Каменица-Делчево, која се отвори поради новото невреме кое го зафати источниот регион на Македонија, го затвори за сообраќај овој патен правец.

Сите оние кои патуваат кон Делчево ќе можат да дојдат во градот преку Берово и по алтернативен пат преку селата Киселица и Полето.

По вчерашните поплави ново невреме го зафати Делчево, а можни се и нови поплави.

Тешките товарни возила можат да го користат само патот Делчево-Пехчево-Берово.

-Поради обилни врнежи од дожд на патниот правец М.Каменица – Делчево (А3) на два километри пред Делчево сообраќајот се преусмерува преку Виница и Смојмирово.
На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува крајно внимателно управување со возилата, прилагодување на брзината спрема условите на патот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, информираат од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Два земјотреси во две минути во Делчево…

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на…

Левица: Кој ги убива рибите во делчевско?

Локалните сточари во делчевско, во атарот на…

АЛАРМ во Судскиот совет! Никој не се…

На огласот за избор на претседатели на…

Пронајдена неексплодирана граната во делчевско

На 17.05.2024 во 19.50 часот во Пoлициската…

(Видео) ПРОЛЕТЕН СНЕГ ВО ДЕЛЧЕВО!

на граничниот премин Делчево врне снег, а…