Негативен природниот прираст и во градските и во селските подрачја

t

Природниот прираст кај населението минатата година e негативен и во градските подрачја и во селските подрачја. Три четвртини од вкупно 4 140 лица, за колку е намален бројот на население минатата година, се во градските средини, наспроти една четврина во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 40.4 %, а најмало Источниот регион со 5.8 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика во градските подрачја во 2024 година, во градските подрачја се живородени 9 694 деца, што е 60.4 % од вкупниот број на живородените деца, а умреле 12 826 лица, што е негативен природен прираст од -3 132 лица.

Во селските подрачја во 2024 година имало 6 367 деца или 39.6 % од вкупниот број на живородените деца, додека умреле 7 375 лица, што е негативен природен прираст од 1 008 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Негативен природниот прираст и во градските и…

Природниот прираст кај населението минатата година e…

(Фото) Дијана Габровска уапсена на Халкидики со…

Необичен инцидент се случил на осамена плажа…

Еден од најблиските луѓе до Путин: Нема…

Рускиот ултраконзервативен идеолог Александар Дугин го критикуваше…

„Цаци, готова си“: Закана кон пратеничката Славјанка…

Доцна синоќа околу 23 часот пред зградата…

Американски извори за Ројтерс: Иран се подготвувал…

Иранската војска минатиот месец натовари подводни мини…