Објавено на:

(Фото) Дијана Габровска уапсена на Халкидики со двајца црнци… снимала филм за возрасни

t

Необичен инцидент се случил на осамена плажа на Халкидики. Двајца црнци и една жена од бугарско потекло биле уапсени додека снимале филм за возрасни, откако полицијата ги помешала со улични продавачи.

Според извештајот на телевизијата skai.gr, снимањето на филмот завршило и екипата се подготвувала да замине. Во тој момент, полицајците кои патролирале во областа ги забележале мажите и ги помешале со нелегални трговци.

Приведените биле однесени во полициската станица. Бидејќи не зборувале англиски, морале да го повикаат продуцентот на филмот. Тој пристигнал во станицата и им објаснил на властите дека снимаа филм за возрасни на плажа.

Сепак, полицијата не била убедена од објаснувањето и побарала да ја види снимката. Откако изгледале извадоци од „документарниот“ материјал, ги ослободиле приведените.

Актерите Мани Коко и Ромео Ферст, познати по учеството во големи продукции, беа на грчкиот полуостров за снимањето на нов филм со Дијана Габровска.

„Беше доста комично. Додека го снимавме филмот, снимателите отидоа до автомобилот за да ги остават своите камери. Во тој период, полицајци поминаа покрај нас и застанаа. Ниту јас, ниту актерите не знаеме грчки. Полицијата мислеше дека се едни од оние продавачи што шетаат по плажата и продаваат ситни работи“, објасни Габровска.

„Кога не можевме да се сложиме со нив, нè однесоа во окружната канцеларија. Го повикавме продуцентот да му објасниме дека станува збор за професионални актери кои снимаат за најголемите компании. И кога се претставив, ме препознаа и разбраа за што се работи. Се сликаа со нас како сувенир и едноставно нè пуштија да си одиме“, истакна таа.

Дијана Савова – Габровска, а сега само Дијана Габровска во 2019 година беше кандидат на локалните избори, а во 2023 станува актерка во филмови за возрасни.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Првата градинка во Теарце ги отвори…

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Во Теарце,…

Пресврт на судењето за Ѓоко Ристов: Стафа…

Нов пресврт на судењето против поранешниот апелациски…

„Да не се повтори Орбан“: ЕУ подготвува…

Европската комисија предлага новите членки на Европската…

Жестоки борби за Црвеното Море: Хутите тврдат…

Хутите тврдат дека и натаму ги контролираат…

Обвинителството бара доживотен затвор за обвинетиот сериски…

Јавното обвинителство побара доживотен затвор за 25-годишниот…