Неготинец приведен, ја нападнал девојката

t

Неготинец бил приведен оти ја нападнал девојката. Две други лица се приведени пак, за напад кон полицајци.

– Синоќа во 20 часот полициски службеници од ОВР-Неготино го лишиле од слобода З.М.(42) од Неготино, затоа што физички ја нападнал неговата 37-годишна девојка. За настанот бил известен јавен обвинител, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Нешто подоцна, во 02.10 часот изутринава, на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај во ОВР-Кавадарци, ги привеле П.К.(23) од село Тимјаник неготинско и Д.М.(26) од Неготино, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, соопштија од СВР Велес.

Со нив бил извршен службен разговор и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го предупреди Иран: Секоја одмазда ќе…

Откако се обрати до нацијата, претседателот на…

Белата куќа објави фотографии од Советот за…

Белата куќа синоќа објави фотографии од Советот…

Tрибина на СДСМ: „Македонија понижена!“ – една…

Tрибина на СДСМ: „Македонија понижена!“ – една…

Нетанјаху: Го одржав ветувањето дека нуклеарните објекти…

Израелскиот премиер, претседател и министер за надворешни…

Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…