Недостигаат столбови, промашени траси, експропријации- Арсовска до СДСМ: Се што сте започнале, со милион проблеми во проектите, ќе го завршиме за граѓаните, не за вас!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната седница на Советот на Град Скопје истакна дека сите проекти оставени од претходното раководство на Градот Скопје, под водство на СДСМ и Шилегов, се со низа проблеми.
-Љубљанска да го отпочневте проектот со разрешени имотно правни процеси па денеска да ме прашање од каде е , како и сите останати проекти сте почнале да градите мост, сега се решаваат експропријации таму.
Да не ни дадевте блокиран пеоркт досега ќе беше завршен проектот.
АСНОМ не го споменавте, 285 неразрешени експропријации пред да почнете мост да градите што не ги разрешивте екоспропријациите? Ниеден ден немаше да се чека, ќе го направевме за три месеци. Не можете да оставите проблеми, а да очекувате итно решение.
Универзална сала, дониран проект, констатирано небезбеден, технички решенија, фалат два столба, не излегол никој на терен пред да ви го дадат тука проектот да го гласате.
Универзална сала е до онаму до кај што сте ја довеле.
Момин Поток, експропријации неразрешени, во овој проект динамиката си оди соодветно и покрај тоа што сте го оставиле со експропријации и покрај исте блокади се ќе разрешеме, а ако нешто остане неразрешено ќе биде од вас не од мене.
За БРТ велите ќе се плаќаат пенали, па не сте требале да направите проект со 101 проблем немало да се плаќаат пенали.
Васко Каранѓелески, проектот е почнат и удира во дел на ограда на МВР, каде треба да се помести трасата. Овој град е на вакво дереџе од вакви паушални изјави.
Кружниот тек Ѓорче, 20 години го ветувате ни проект не сте направиле, сега се проектира тоа и проширување на булеварското решеине. Како прашувате а не сте оставиле проект, знаете колку месеци е изработка на едно булеварско решение со кружен тек? Да сте оставиле проект досега изграден ќе беше.
Есенинова, сте понале да градите сте ги лоцирале бунарите на еден метар разлика од каде требале да бидат. Што не сте ги ставиле бунарите каде треба да се направат. Вие имате грешки, а тој што ги исправа ви е виновен.
Се што сте започнале ќе го завршиме за граѓаните, не за вас, истакна Арсовска која додаде дека Градот бил оставен со сметка од 10 милиони, а долгови од 100 милиони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Царина ќе ги зајакнува контролите и присуството…
Унапредување на процесите на царинење преку унапредување…
СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…
Малку требаше за Мицкоски да си ги…
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…