Независното здружение на новинари на Србија: Медиумите да ги избришат фотографиите и снимките од погребите во Кочани

Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) ги повика медиумите кои известуваат за погребот на трагичните жртви во Северна Македонија веднаш да ги избришат фотографиите и да ги усогласат своите извештаи со етичките и професионални стандарди.
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) исто така ги повика медиумите да известуваат согласно претходно утврдениот протокол и основните етички принципи.
НУНС оцени дека објавувањето шокантни и вознемирувачки фотографии од страна на некои медиуми е длабоко неморално и неприфатливо. Според нив, објавувањето снимки од гробни места, членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на етичките стандарди и нарушување на достоинството на засегнатите лица.
„Кодексот на новинарите на Србија експлицитно забранува известување за погреби на приватни лица, а новинарите се должни да ја почитуваат приватноста, достоинството и интегритетот на луѓето. Објавувањето фотографии од погреби не е во јавен интерес“, се вели во реакцијата на НУНС.
Во исто време, тие го повикаа Министерството за информации и телекомуникации да реагира на известувањето на порталите Република, Курир, Блиц, Ало, Телеграф и Мондо, кои објавија содржини што, според нив, го нарушуваат достоинството на жртвите и нивните семејства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Независното здружение на новинари на Србија: Медиумите…
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС)…
Редици и во Србија за донирање на…
Голем број српски граѓани се одзвале на…
Тројца луѓе вечерва загинаа во страотен судир…
Тројца луѓе загинаа вечерва во сообраќајна несреќа…
Тепиќ објави документ за набавка на звучно…
Потпретседателот на Партијата за слобода и правда…
„Седница на ден на жалост?!“ Српските студенти…
Собранието на Нови Сад нешто по 10…