Објавено на:

Неколку лица повредени во експлозија во фабрика за воени експлозиви во Франција

t

Неколку лица се повредени во експлозија во фабриката за воени експлозиви Еуренко во Бержерак во југозападна Франција, изјави претставник на компанијата.

Компанијата произведува воени експлозиви, погони и горива. Исто така, произведува експлозиви за цивилна употреба.

Префектурата Дордоња соопшти дека итната помош пристигнала на местото на несреќата, каде по експлозијата избувнал пожар.

Канцеларијата на градоначалникот на Бержерак ја повика јавноста да се држат настрана од областа.

Причината за експлозијата се уште не е позната. Претставник на компанијата изјави дека „неколку луѓе“ се повредени, но не можеше да даде точен број. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…