Неколку скопски населби утре ќе останат без струја и вода
Без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците во општините Чучер Сандево и Карпош.
Како што информираат од РЦУК Скопје, без струја во периодот од 8:00 до 10:30 часот ќе биде дел од село Кучевиште во Општина Чучер Сандево, од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците од улица „Жданец”, а од 9:30 до 15:00 часот, дел од корисниците од улица „Леринска ” во Општина Карпош.
Поради зафат на водоводната мрежа во близина на пумна станица Жданец, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбите Жданец, Трнодол, Нерези и дел од улицата „Козле”.
Како што информираат од РЦУК Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парада на гордоста во Скопје на 21…
Шестата по ред Парада на гордоста ќе…
Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…
Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…
Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…
Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…
Изгорел склад за градежни материјали во Скопје
Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…
Невреме со дожд и град го зафати…
Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…