Некој ќе плаќа, некој ќе краде: Кога ЕВН ќе си ги реши проблемите во Арачиново и Слупчане?
Кражбите на струја во Арачиново минатата година изнесувале дури 80%, а ЕВН се надева дека годинава со последните активности во Слупчане ќе се намалат на “само” 10%, известија пред неколку денови од ЕВН за време на нивниот обид да ја реконструираат диструбутивната мрежа во Слупчане.
Екипите на ЕВН таму наидуваа на отпор од жителите кои не им дозволуваа да влезат во селото, за подоцна да добијат поддршка и од градоначалникот, па сите заедно да побараат од ЕВН да им бидат отпишани каматите, како услов да го платат долгот кој е неколкугодишен.
-Подготвени сме да го платиме долгот кон ЕВН, но не сакаме да плаќаме камата на каматата. Ветувањата кон селаните досега не беа исполнети, а тоа е уште една причина за револт, вели претседателот на месната заедница Селадин Шаини за „ТВ Њуз“.
ЕВН сами признаа дека имаат загуби во одредени делови на државата, но се поставува прашањето како се надоместува таа загуба. Додека во Арачиново и Слупчане екипите не можат ни да влезат во населбите, на други места во државава граѓаните се жалат на високи сметки за струја, ситуации кога добивале двојни сметки, па со маки и караници успевале да докажат дека ја имаат платено струјата, а има и такви кои си плаќале двојни сметки, можеби за некој во Арачиново, Слупчане, или каде и да е да може да краде струја.
За ова претходно реагираше и Регулаторната комисија за енергетика од каде нагласија дека не ги признаваат кражните на струја, а нагласија и дека ЕВН не смее да ги доведува во заблуда граѓаните пресметковниот период.
Потрошувачите треба да знаат дека плаќаат само за она што го потрошиле. Регулаторната комисија за енергетика не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цена што ја одредува и тие се на товар директно на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје. Доколку некој потрошувач има добиено сметка која има отстапување од реалната состојба, може самостојно да го отчита броилото и да ја пријави состојбата, по што ЕВН Хоме е должен веднаш да издаде нова корегирана сметка со реална состојба.
Ова го истакна претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кој заедно со заменик-претседателот Енвер Елмази и комесарите одржа состанок со претседателка на Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) Мирјана Лончар Велкова.
– До 30 јуни 2022 година, трошокот за користење на електропреносниот и електродистрибутивниот систем беше вклучен во цената на електрична енергија. Имајќи го ова предвид, како и обврските од законодавството на Европската Унија за поголема транспарентност на цените РКЕ, на 27 јуни 2022 година донесе Тарифен систем за продажба на електрична енергија со што се направи поделба на вкупниот надоместок за испорачана електрична енергија на: надомест за електрична енергија, пренос и дистрибуција. Оваа поделба на вкупниот надомест ЕВН Хоме го пресликува во фактурата за испорачана електрична енергија за секој потрошувач, со цел секој да има увид кој износ го плаќа и за што го плаќа – истакна Бислимоски.
Од ОПМ посочија повеќе случаи кои стигнале до нив во врска со сметките за електрична енергија каде што износот за надоместокот за дистрибуција на електрична енергија е поголем од надоместокот за потрошена електрична енергија. Претседателот Бислимоски објасни дека тоа е така зашто одредени домаќинства кои внимаваат на потрошувачката и ја имаат насочено во ниска, евтина тарифа, трошат електрична енергија која е далеку пониска и изнесува 10 евра за мегават час, додека трошоците за мрежарина се исти и во висока и ниска тарифа.
– ОПМ укажува дека граѓаните реагираат на фактурите за електрична енергија поради двојна пресметка на деновите опфатени во две последователни фактури каде во наредната се јавуваат повторно истите денови за кои претходно е фактурирано. Иако ЕВН објаснува дека граѓаните треба да го гледаат пресметковниот период на втората страна од фактурата (во делот на детални информации), од ОПМ напоменуваат дека пресметковниот период треба да е идентичен односно да не се доведуваат во заблуда со различно претставени пресметковни периоди во една фактура и се надеваат дека ЕВН ова ќе го исправи – информира РКЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осомничениот за обидот за убиство на градоначалникот…
Поради основано сомнение за кривично дело –…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Поднесена е кривична пријава за обидот за…
СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
Приведен арачиновец баран со потерница поради убиство…
Приведен е арачиновец баран со потерница за…