Нелегален судија го води предметот „Таргет/Тврдина“ – одбраната на Тони Јакимовски побара изземање на судијата Илија Трпков

t

Одбраната обвинетите во предметот „Таргет/Тврдина“ побараа изземање на судијата Илија Трпков од постапката за понатамошно судење во овој предмет бидејќи веќе бил дел од овој предмет како судија на претходна постапка.

Утринава продолжи судскиот повторениот судски процес во предметот „Таргет/Тврдина“ кој Апелацискиот суд го врати на повторно одлучување пред два месеци поради суштински повреди на првостепената постапка.

На второто рочиште од повторената постапка, одбраната на обвинетите побара изземање на судијата Илија Трпков кој претходно одлучувал по притвор за обвинетиот Тони Јакимовски во истиот предмет. Одлуката за притвор потоа била обжалена и истата побиена, што го прави судијата Трпков неподобен согласно член 33 ст.4 од Законот за Кривична постапка, за понатамошно водење на судската постапка.

Согласно законското решение Трпков мора да биде изземен како судечки судија во „Таргет/Тврдина“, тврди адвокатот Sвонко Давидовиќ, кој објаснува дека ваквото законско решение не е случајно.

„Законодавецот кога го носел ова законско решение се водел од правичноста во носењето на конечната одлука. Идејата на законодавецот е дека не може судија кој одлучувал по притвор за обвинет во предмет, потоа и да суди во постапка бидејќи тој веќе има оформено мислење во моментот кога одлучил да определи притвор. Тој однапред смета дека обвинетиот е виновен, па оттука не може да донесе непристрасна и правична одлука“, вели Давидовиќ за Инфомакс.

По поднесувањето на барањето за изземање, судијата Илија Трпков даде пауза од половина час пред да ја донесе конечната одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во судница на судењето на „Плацеви…

Веројатно ако прашате било кој адвокат кој…

Миjaлков и неговите адвokaти позитивни на кopoнавирусот…

Поранешниот директор на Управата за безбедност и…

Жecтока рeaкција на Комерцијална на нeбyлозите на…

Апелациониот суд донесе одлука со којашто го…

Ова го нема ни во Африка: Адвокaтитe…

Одбраната на ексшефот на УБК „удри“ и…

Михајло Маневски го наречеч Маричиќ cлeпец: Треба…

Денови подоцна се уште не стивнуваат реакциите…