Нелегалните платформи на Матка сè уште никој не ги допира – Градоначалникот Блерим има нови изговори

t

Кога ќе заврши периодот предвиден за жалбени постапки на сопствениците кои изградиле дивоградба во Сарај и Матка, тие ќе бидат срушени. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Колку време ќе биде тоа вели дека не знае, за секој предмет е различно, но уверува дека во општинската каса имало доволно пари да организира рушење на бесправно изградени објекти, особено во заштитени локалитети.

„Ние и досега сме рушеле и ќе рушиме“, рече Беџети.

Точно колку дивоградби има во Сарај градоначалникот вели дека не знае, бидејќи сè уште се решаваат предметите за легализација на граѓаните кои до општината доставиле проект. Дивоградбите во Сарај и платформите во локалитетот Матка се проблем за кој одговорноста со години се префрла на релација – општина Сарај – Град Скопје – Министерство за животна средина.

Додека институциите си ја префрлаат топката, едно од најубавите места во Скопје познато по природните убавини од ден на ден сè повеќе е злоупотребувано од несовесни граѓани и за бизнис-интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица од Турција нападнати кај кањонот…

– Вчера во 18:30 часот во СВР…

Владата одлучи за прекин на мандатот на…

Владата, на предлог на Министерството за локална…

Пронајдено исчезнато 5-годишно дете во Сарај

Денеска (01.05.2024) околу 18.15 часот во Сарај…

Пукање во Сарај: Се скарале, па „заиграло“…

Пукање се случило вчера вечер во скопски…

Арсовска: По 30 години 7 населени места…

По 3 децении 7 населени места со…