Нелегалните платформи на Матка сè уште никој не ги допира – Градоначалникот Блерим има нови изговори

t

Кога ќе заврши периодот предвиден за жалбени постапки на сопствениците кои изградиле дивоградба во Сарај и Матка, тие ќе бидат срушени. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети. Колку време ќе биде тоа вели дека не знае, за секој предмет е различно, но уверува дека во општинската каса имало доволно пари да организира рушење на бесправно изградени објекти, особено во заштитени локалитети.

„Ние и досега сме рушеле и ќе рушиме“, рече Беџети.

Точно колку дивоградби има во Сарај градоначалникот вели дека не знае, бидејќи сè уште се решаваат предметите за легализација на граѓаните кои до општината доставиле проект. Дивоградбите во Сарај и платформите во локалитетот Матка се проблем за кој одговорноста со години се префрла на релација – општина Сарај – Град Скопје – Министерство за животна средина.

Додека институциите си ја префрлаат топката, едно од најубавите места во Скопје познато по природните убавини од ден на ден сè повеќе е злоупотребувано од несовесни граѓани и за бизнис-интереси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во Сарај: Се скарале, па „заиграло“…

Пукање се случило вчера вечер во скопски…

Арсовска: По 30 години 7 населени места…

По 3 децении 7 населени места со…

Претреси на осум локации во Сарај и…

Во заедничка координирана акција на полициски службеници…

Во Сарај пронајдени автоматска пушка и куршуми

На 02.08.2023 полициски службеници од Одделението за…

(Видео) Пожар во Сарај, се запали бандера:…

Во Сарај вечерва гореше бандера, а пламените…