Немало никаква намера да се повреди 3-месечното бебе: Родителите и сестрата си подале рака, модриците настанале при земање крв
Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди денеска информираше дека формираната стручна комисија утврдила дека немало никаква намера за повредување на тримесечното бебе од страна на медицинската сестра, случај што ја бранува јавноста во последните неколку денови.
Мемеди пред медиумите истакна и дека модриците кај бебето се случиле при земањето крв од вена за анализа.
-Едната сестра ја фокусирала раката на детето, а другата сестра боцка вена. Како последица на механичкиот притисок, настанел хематомите на десната надлактица и подлактица, рече директорот на Клиниката.
Според него, целиот случај добил на публицитет поради недоразбирање меѓу дедото на детето и медицинската сестра и поради тоа, дошло до губење на довербата на родителите кон сестрата.
На иницијатива на Мемеди, вчера била реализирана средба меѓу родителите и сестрата. Се согласиле дека немилиот настан е поради погрешна комуникација и недоразбирање и си подале рака на помирување.
-Случајот е разрешен. Нема да има дисциплинска постапка за медицинската сестра. Немало лоша намера од никого, кажа директорот на Детската клиника.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брука: Деца и родители се тепале во…
Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог…
Немало никаква намера да се повреди 3-месечното…
Директорот на Детската клиника, Реџеп Мемеди денеска…
Бојкот на лекарите на Детска Клиника: Утринава…
На Детската клиника утринава имало бурен стручен…
Оставиле деца заклучени во автомобили: На родителите…
Пожарникари вчера спасија две деца од заклучени…
Алармантно предупредување до родителите во Македонија: Постои…
„Ве информираме дека изминатиот период забележана е…