Објавено на:

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев – Белата куќа за упадот на украински формации на руска територија

t

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат Украина, за да го разберат нејзиниот упад на руска територија, изјави Карин Жан-Пјер, портпаролка на Белата куќа. Таа додаде оти САД немаат сознанија за нападите, пренесува „Ројтерс“.

Русија денеска соопшти дека води интензивни борби против украински единици кои ја пробиле нејзината јужна граница во близина на главниот јазол за пренос на природен гас во еден од најголемите упади на руска територија од почетокот на војната.

Москва соопшти дека украински единици се обиделе да заземат дел од територијата на областа Курск, а началникот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов истакна дека „напредувањето“ на украинските формации во правец на Курск е запрено.

Руското Министерство за здравство соопшти дека во украинското гранатирање на Курск се повредени 31 лице меѓу кои шест деца.

Во областа Курск е воведена вонредна состојба по упадот на украински формации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…

Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…

Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…

И по 23 години од случувањата на…

Израелски проценки за одговорот на Хезболах и…

Американскиот веб-сајт Политико објави дека Тел Авив…

Уапсен македонски државјанин: Откажани трите концерти на…

Организаторите на три концерти на Тејлор Свифт…

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе…

Утре претежно во западните делови, а во…