Нема да има свадби во ротирачката кула на Водно, ниту пристап со возила до неа

t

Четвртата, највисока платформа е ротирачка, прави еден круг за еден час и ќе има масички и столчиња, но нема да има ни скари ни јадење, ќе има кафе, сок за посетителите. Значи патот нагоре нема да се отвора, а работното време уште не е дефинирано, тврди претседателот на Комисијата на АЕК, Орце Симов.

Во ротирачкиот ресторан во телекомуникациската кула на Водно нема да има ниту свадби ниту веселби, а патот до неа нема да се отвори за возила, тврдат од Агенцијата за електронски комуникации откако на социјалните мрежи се отвори „дебата“ дали ќе се дозволи или не со автомобил да се искачува до врвот на Водно.

Дискусиите ги подгреа тоа што кулата деновиве засвети, што за многумина претставува доказ дека изградбата на објектот која трае веќе 12 години конечно е завршена.

Според претседателот на Комисијата на АЕК, Орце Симов, работите се при крај, но уште не се комплетно завршени. Сѐ уште се очекува приклучок на мрежата за струја, како и изградба на резервоар за енергенси за потребите на кулата.

Останати се уште некои ситници, иако најголем дел од проблемите што беа заостанати во последните десетина години се решени и се завршени. Една од поголемите работи што треба да се заврши е приклучокот на електричната мрежа на ЕВН. Кулата во моментов свети ама со градежна струја, правиме некои урбанистички планови, проекти, има работи што зависат од процедури. Тоа е еден од поголемите проблеми инаку другото е завршено, останува уште мал дел од партерното уредување, столбови за осветлувањето доле на партерното уредување треба да се постават и резервоарот за нафта за дизел агрегатите да се вкопа во земја. Тој треба да стои на местото каде што стои кранот, сега кранот го симнавме и се отвара фронт да се постави резервоарот – вели Симов за „Слободен печат“.

Тој објаснува дека иако има некои работи и активности што зависат од други институции, сепак негова проценка е дека кулата ќе биде завршена за максимум два месеца.

На телекомуникациската кула има неколку платформи, меѓу кои и една ротирачка, која уште кога започна изградбата беше најавено дека ќе биде уникатна атракција за посетителите од каде ќе се пружа величествен поглед на Скопје и место за уживање во гастрономски специјалитети.

Но, тоа би значело дека посетителите би требало да стигнат во ресторанот со автомобили, пешки или со жичница, доколку го посетат ресторанот додека жичницата е во функција. Навечер речиси разбирливо е дека би се одело со возило, а како што е познато патот кон врвот е затворен со рампа на средно Водно и за проаѓање е потребна специјална дозвола. Дури, по социјалните мрежи се шпекулира дека таму во иднина ќе се организираат свадби и разни други прослави.

 Нема да има ни свадби ни веселби, ниту се планира да се отвори патот. Таму има четири платформи, едната е за војска и полиција, заедно ќе ја делат. Втората е за мобилните оператори, третата е за македонска радио-дифузија и четвртата, највисоката, е за туристичко угостителска дејност. Таа е ротирачка, прави еден круг за еден час и ќе има масички и столчиња, но нема да има ни скари ни јадење, ќе има кафе, сок за посетителите. Значи патот нагоре нема да се отвора, а работното време уште не е дефинирано, тврди Симов и додава дека оваа платформа ќе се изнајми некому за да стопанисува со неа.

ИЗВОР: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема да има свадби во ротирачката кула…

Четвртата, највисока платформа е ротирачка, прави еден…

Меркел: Сè уште стојам зад политиката на…

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека…

Виница 4 години назадува, катастрофално владеење на…

Соопштение на СДСМ Виница 4 години назадува,…

Шпигел: Мерц би можел да ја номинира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја разгледува опцијата…

Затвореник нападнал и повредил полицаец во КПУ…

Осуденик кој отслужува затворска казна во затворот…