Објавено на:

Нема крај: ЕУ ќе препорача дополнителна доза вакцина против Ковид-19 за постари од 60 години

t

Здравствените агенции на Европската Унија денеска ќе препорачаат дополнителна доза вакцина против Ковид-19 за сите лица постари од 60 години. Тоа е поради новото ширење на заразата и хоспитализацијата низ Европа, изјави еврокомесарката за здравство, Стела Киријакидес.

– Денеска ЕЦДЦ и ЕМА ќе препорачаат дополнително вакцинирање за да се заштитат најзагрозените, истакна таа, мислејќи на Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Европската агенција за лекови.

Се очекува агенциите да објават заедничко соопштение.

– Клучно е луѓето постари од 60 години и сите ранливи лица што поскоро да дојдат до дополнителна доза вакцина, додаде таа.

Здравствените агенции на ЕУ од април препорачуваат дополнително вакцинирање само за лицата постари од 80 години, како и за оние најзагрозените.

Се верува дека новата препорака ќе го олесни донесувањето национални одлуки за забрзување на кампањите за вакцинација, што во изминатите месеци речиси се во застој.

– Мораме да делуваме сега со цел да ја зголемиме заштитата за граѓани, загрозени за време на летните месеци, подвлече Киријакидес.

Според неа, вакцините достапни во моментов, како што се на Фајзер и на Модерна, „се многу ефикасни во намалување на тешка форма на Ковид-19″.

Медиуми наведуваат дека не е јасно колку се ефикасни во спречувањето инфекции со најновите подваријанти на омикрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

ЕУ мобилизира дополнителна помош за борба против…

По упатеното барање за помош од Македонија,…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…