Нема мир, нè чека турбулентна година: Турција ѝ се закани со војна на Грција!

t

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ѝ порача на Грција да не се обидува да ги прошири своите територијални води во Егејско Море, бидејќи тоа ќе се сфати како „казус бели” и ќе следи оправдан воен одговор од Анкара.

„Нашата позиција е јасна, не само што не може да бидат 12 милји, туку нема да дозволиме територијалните води на Грција да се прошират за ниту една милја во Егејското Море“, рече Чавушоглу на прес-конференција во Анкара, коментирајќи ги извештаите дека Атина планира да ги прошири територијалните води околу Крит, пренесува Политико.

„Не се впуштајте во лажно херојство верувајќи им на оние кои би можеле да ви го чуваат грбот. Не барајте авантура, нема да заврши добро за вас“, рече Чавушоглу.

Меѓународното поморско право ѝ дозволува на Грција да ги прошири своите територијални води до 12 наутички милји, но во парламентарната декларација од 1995 година, Турција рече дека тоа ќе се смета за изговор за војна, бидејќи поголемиот дел од нејзиниот нејзиниот брег би бил лишен од пристап до морето.

Во меѓувреме ништо не е сменето и таа закана е сѐ уште на сила, рече Чавушоглу.

На заканите од Анкара реагираше портпаролот на Владата на Грција, Јанис Иконому, кој рече дека грчката влада се однесува во согласност со меѓународното право и своите национални интереси како единствени одредници.

И покрај тоа што се сојузници во НАТО, Атина и Анкара се во несогласувања со децении околу бројни билатерални спорови, вклучително и поморските граници и долготрајниот спор околу Кипар.

Во последните месеци Турција значително ја засили својата реторика, па претседателот Реџеп Таип Ердоган дури изјави дека би можеле да се испратат ракети до Атина, „ако не останат мирни“.

Во октомври, претставници на грчкото Министерство за надворешни работи изјавија за Политико дека техничките работи потребни за проширување на територијалните води до 12 наутички милји јужно и источно од Крит би можеле да бидат готови за неколку недели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драматични слики од Грција: Пожарот зафати околу…

Пожарникарите во Грција повеќе од 24 часа…

ЕУ на помош во Грција – пожарите…

Европската унија денеска соопшти дека четири земји-членки…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…

Турција го деблокира Инстаграм

Турција во саботата објави дека повторно дозволува…

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…