Нема повеќе заборавени населби во Скопје! Арсовска и Дудуш потпишаа договор за меѓуопштинска соработка – Се стартува со два проекти во Шуто Оризари!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска заедно со градоначалникот на општината Шуто Оризари потпиша договор за меѓуопштинска соработка со која, како што вели градоначалнничката, ќе се реализираат бројни проекти за оваа општина и во Скопје веќе нема да има заборавени населби.

– Денес со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш потпишавме договор за меѓуопштинска соработка, со што Градот Скопје целосно ја финансира изградбата за првпат улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18 како и партерното уредување на спортската сала со цел унапредување на можностите и воведување нови содржини во општината. Проектите по налог на Град Скопје ќе ги изведе јавното претпријатие Улици и патишта Скопје.

Во општината Шуто Оризари граѓаните се соочуваат со многубројни предизвици, а на барање на жителите еден од приоритетите е за првпат изградбата на улицата „Македонско косовска бригада“ крак 18. Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари добиваат над 1170 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот, а партерното уредување на спортската сала е едно од барањата истакнати од страна на општина Шуто Оризари.

Главната цел на тековните градежни активности е во Скопје повеќе да нема заборавени населби, туку градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.

#ЗаМодерноСкопје – напиша Арсовска на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…

(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…

Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…

Се намалува цената на парното во Скопје

Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…