Нема починати: Ова е денешната Ковид статистика!
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 543 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи со КОВИД-19 и 47 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати. Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати, соопшти Министерството за здравство.
Од 44 новозаболени од Скопје се 29, Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар и Кочани – по 2, Струмица, Штип, Радовиш, Берово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.
Од 47 оздравени пациенти од Скопје се 37, Битола, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Куманово, Велес и Неготино – по 1.
Направени се 543 тестови: ИЈЗ-83, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-12, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-7, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-20, Жан Митрев (Филип Втори)-1, Авицена-12, Биотек-11, Систина-6, лабораторија Лаор-3, Синлаб-6, Ремедика-4, Плодност-1, Генеа-1, Никоб Лаб-11, ВФВ Медикал-5, Ели Медика Плус-1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 291.
Досега во земјата се направени вкупно 2.182.473 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.075, бројот на оздравени пациенти е 334.249, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 262.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…
За десетина дена ќе стигне донација од…
Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…
Две лица починале: Регистрирани се нови 213…
Од 19 до 25 август, тестирани се…
Зголемување над 60 проценти на болни од…
Од 12 до 18 август во државава…