Нема починати: Ова е денешната Ковид статистика!

t

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 543 тестови, а регистрирани се 44 нови случаи со КОВИД-19 и 47 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, не се  регистрирани починати. Согласно, регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се  регистрирани починати, соопшти Министерството за здравство.

Од 44 новозаболени од Скопје се 29, Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар и Кочани – по 2, Струмица, Штип, Радовиш, Берово и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.

Од 47 оздравени пациенти од Скопје се 37, Битола, Прилеп и Струмица – по 2, Охрид, Куманово, Велес и Неготино – по 1.

Направени се 543 тестови: ИЈЗ-83, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-12, ЦЈЗ Прилеп-14, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-7, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-20, Жан Митрев (Филип Втори)-1, Авицена-12, Биотек-11, Систина-6, лабораторија Лаор-3, Синлаб-6, Ремедика-4, Плодност-1, Генеа-1, Никоб Лаб-11, ВФВ Медикал-5, Ели Медика Плус-1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 291.

Досега во земјата се направени вкупно 2.182.473 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.075, бројот на оздравени пациенти е 334.249, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 262.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…

Големи загуби за Фајзер откако “Ковид-лековите” ја…

Фајзер во вторникот објави поголема од очекуваната…