Немој Стево, имаш деца ќе те колне народ, ќе загинам за Македонија: Порака до Пендаровски од демонстрантите
Пред Собранието се протестира против францускиот предлог.
Една од демонстрантките му се обрати на претседателот на државата Стево Пендаровски.
„Стево опули се, имаш деца и овој народ немој да те колне, децата патат. Немој Стево, деца имаме, ќе загинам за Македонија. Јас сум од Западна Македонија Стево, Мијачка, како тебе и ти си Мијак. Погледни ме имам 65 години, гајле немам, 10 години се борев со судот и го добив правото. Десет години ме мачеа и аир да не видат тие што ме мачеа. Опули се, стави дупли наочари Стево ако не гледаш, овој народ е гладен“, рече демонстрантката, објави Макфакс.
Пред Собранието се скандира „оставка“ и „никогаш северна, само Македонија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Собранието утре избира нов министер за здравство
Собранието утре во рамки на 54. седница…
Собранието ќе расправа за интерпелацијата на претседателот…
Претседателот на Собранието Африм Гаши пресече дека…
(Видео) Тепачка во бугарското собрание
Пратениците од десничарската партија Вазраждање предизвикаа уште…
Собранието во понеделник ќе го потврди новиот…
Предлозите на Владата за нов министер за…
Се плашат од протести: Пратениците здружено и…
Во Собранието е предложен закон со кој…