Ненад Савески избран за нов Државен јавен обвинител

t

Со 66 гласови „ЗА“, 2 гласови „ПРОТИВ“ и 8 „ВОЗДРЖАНИ“ денес Собранието го избра Ненад Савески за нов Државен јавен обвинител.

Предлогот во Собранието денес го образложи потпретседателот на Владата, Александар Николоски, кој упати пофални зборови за Савески и ја прочита неговата биографија.

– „Човек кој бил обвинител, судија, сега има можност да биде прв човек на Обвинителството, човек без дамки и позадина, човек кој доаѓа од Гостивар, не сака да го напушти Гостивар, ќе треба да патува секој ден.“ – вели Николоски.

Збор зема и пратеникот Скендер Реџепи, кој зборуваше за селективна правда, поготово за Албанците кои како што вели тој се маргинализирани од Обвинителството.

Реџепи ги спомена случаите „Монструм“, „Алфи“, „малиот Алмир“ и слично, како примери за селективна правда. Според пратеникот и Кочани беше таков случај, на селективна правда и тој случај ќе биде многу важен за новоизбраниот Републички јавен обвинител.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески кажа дека ова е расправа за довербата во Обвинителството и шанса да се смени впечатокот дека правдата е селективна, бавна и обоена.

– Неколку влијателни групи во СДСМ и ДУИ кои ја користеа улогата на Обвинителството за стопански и приватни цели, тие ја носат вината за сликата за Обвинтелството, вели Јаулески кој му порача на новоизбраниот обвинител дека ќе има обврска да ја врати довербата во Обвинителството, да воспостави стандард каде обвинителот ќе биде синоним за правда, како и да се расчистат последиците од СЈО.

– Би било неискрено, а да не признаеме дека во неговата биографија стои искуство кое не може да се игнорира, истакна пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, но според неа треба да се постави прашањето во каков систем се поставува овој кандидат.

– Актуелната политичка офанзива на ВМРО-ДПМНЕ која ќе кулминира со изборот на Савески претставува обид за партиска контрола над правдата во земјава, вели Тренчевска која го спомна и новиот предлог на Закон за јавното обвинителство.

Видео од целата дискусија:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…

Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…

Тројцата инженери од Македонија уапсени под обвинение…

Во Вишото јавно обвинителство во Ваљево денеска…

Обвинителството ја проверува и отфрлената претставка за…

Меѓу списите кои ги проверува обвинителството во…

Ќе си ја заврши ли кариерата Љубомир…

Целата кариера на првиот човек на Републичкото…

Крадење по “европски” терк: Јавниот обвинител на…

Европската јавна обвинителка Лаура Кодруца Ковеси конечно…