Ќе си ја заврши ли кариерата Љубомир Јовевски на најлош можен начин, како криминалец?

t

Целата кариера на првиот човек на Републичкото Јавно обвинителство завршува неславно, баш онака како што се претпоставуваше со оглед на неговите скромни капацитети. Неговите колеги, Љубомир Јовевски го опишуваат како неталентиран и не особено интелигентен правник, но човек кој знае политички да се вовлече и да се додвори. Како таков успева да дотурка до највисоката функција во ЈО, но не успева да го направи и следниот чекор, на предлог на власта да биде избран за уставен судија. Затоа деновиве мора да замине во пензија, но се чини дека пред тоа мора да го одработи тоа што политички било побарано од него.
 
Спротивно на закон, Јавното обвинителство по насока на Јовевски одлучува да го продолжи кривичниот прогон во предметот „Трезор“ со потценување на интелигенцијата на судот, односно со наводно допрецизирање на обвинението, а фактички се прави целосна преквалификација на делото.
 
Иако Јовевски знае дека во предметот нема кривично дело, а следствено на тоа и не постои никаков доказ, дава насока на обвинителите да го продолжат предметот со што свесно ги зголемува трошоците на постапката и предизвикува дополнителна штета врз буџетот.
 
Имено и пред Апелација да го врати предметот и тој да се суди по втор пат, ЈО по меѓународна правна помош имаше добиено известување дека тогашниот директор на УБК Сашо Мијалков не бил во Лондон и никогаш не се сретнал и договарал со претставниците на фирмата производител на опремата што е набавена за МВР. И тогаш ЈО ги имаше изјавите на сведоците кои под заклетва рекоа дека Мијалков не им се јавувал, а што е најважно немаше никаков доказ за каква било штета бидејќи ЈО немаше изработено вештачење, а гонеше за наводен економски криминал.
 
Без разлика на сите овие пропусти во предметот, Јовевски притиска да се оди до крај, па сега дури и го игнорира законот, односно измените во Кривичниот законик, со кои предметот застарува, а „искористувањето на службената полоижба“ кое му се ставаше на товар на Мијалков е декриминализирано, па се измислува „пречекорување на службената положба“ кое сосема поинаку се дефинира и кое претходно не постоеше и не беа обезбедени докази за тоа.
 
„Во диспозитивот на обвинителниот акт, вршам прецизирање согласно измените во Кривичниот законик на начин што, наместо зборовите ја искористиле службената положба и овластување, да стојат зборовите, презеле службено дејствие со кое ги пречекориле границите на своите службени овластувања“ изјави обвинителот Трајче Пеливанов, ставајќи им сега на товар продолжено кривично дело. При тоа Пеливанов го игнорираше законот и премолче дека дури и во тој случај, повторно има застарување уште во 2022 година.
 
На ваквиот настап на ЈО жестоко се спротистави одбраната на Мијалков и останатите обвинети во Трезор.
 
„Вака даденото прецизирање на обвинителниот акт е недозволено и незаконито затоа што ова не е допрецизирање, туку комплетно нов обвинителен акт. Вакво нешто не е дозволено освен ако од доказите на главната расправа не произлезе дека дејствието е пречекорувањето на службените овластувања, а не извршувањето на службената должност“, рече адвокатот Петар Василев.
„Значи, обвинителот има право да го измени обвинението само под еден услов – доколку од доказните средства и факти коишто произлегуваат од нив, произлезе основ дека Сашо Мијалков го пречекорил своето службено овластување. Меѓутоа, обвинителот бидејќи во кривичната постапка тргнал со обвинение дека Сашо Мијалков ја искористил својата службена положба и овластување, а дејствието на извршување на искористување на службена положба и овластување од став 1 од член 353 веќе како дејствие не претставува продолжено кривично дело, со цел да го спаси обвинението му става друго дејствие на извршување, а тоа е пречекорување на неговото службено овластување. Меѓутоа, ако се погледне самиот диспозитив на обвинението, во самиот диспозитив на обвинителниот акт точно се прецизира кои се законските овластувања на обвинетиот Сашо Мијалков. Меѓу другото, негова законска обврска е како директор на УБК да предложи набавка на нова опрема доколку за тоа има потреба. Што значи ова? Тоа значи дека Сашо Мијалков не презел надлежност на некој друг орган за да ги пречекори границите на своето службено овластување, апсолутно незаконит основ по којшто јавниот обвинител врши измена на обвинението“, изјави адвокатот Љупчо Шврговски, по однос на самиот чин на преквалификација.
Според Шврговски тотално е нелогично и преквалификувањето во продолжено кривично дело и игнорирањето на застареноста.
„Апсолутна застареност настанува после истекот на два пати повеќе време од она што е време за коешто е предвидена казната, а тоа е 10 години. Значи, апсолутна застареност настапила во 2022 година. Обвинителот повторно прави една правна еквилибристика којашто повторно е неодржлива. Зборува за продолжено кривично дело без притоа да даде опис во што се состои продолженото кривично дело. Меѓутоа, и во овој случај и кај продолжено кривично дело апсолутната застареност тече од секое поединечно извршено дејствие. Така што и во овој случај има апсолутна застарености, мене навистина не ми е јасно, ова е флагрантно кршење на закон. Од кои причини јавниот обвинител не даде предлог до судот да биде запрена кривичната постапка поради апсолутна застареност, односно поради тоа што нема елемент на кривично дело за кое се гони по службена должност“, смета Шврговски.
 
Одбраната побара судот и ЈО да постапат согласно закон и да го прекинат прогонот, а надлежниот судија му остави време на надлежниот ЈО да се произнесе по барањето до следното рочиште закажано за 24 ноември.
 
Според неофицијалните информации кои кружат во јавноста, обвинителите сметале дека немало основа за продолжување на предметот, но Јовевски во заминување инсистирал прогонот да продолжи по секоја цена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе си ја заврши ли кариерата Љубомир…

Целата кариера на првиот човек на Републичкото…

Крадење по “европски” терк: Јавниот обвинител на…

Европската јавна обвинителка Лаура Кодруца Ковеси конечно…

Експлозијата на автомобилот била обид за атентат…

„Денеска околу 11:30 часот одекна исклучително силна…

Покондуреното „граЏанство“ и курчот на Стевчо Донев…

Веќе со години следам рочишта, особено оние…

Промена на јавниот обвинител за предметот Дијамед…

Во првата половина на ланската 2021 година,…