Неофицијално, запаленото возило во Чаир го користел градоначалникот Ганиу, тој демантира: Не ми е јасно зошто сите запалени возила ги поврзуваат со мене!

t

Вчера вечер во Чаир беше запалено возило, според неофицијалните информации кои кружат на социјалните мрежи возилото било користено од страна на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кој за Инфомакс ги демантираше ваквите информации.

„Денеска (22.04.2025) во 04:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит-пазар било опожарено патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Р.(34). Од пожарот било зафатено и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат, а повредени нема“, велат од МВР.

Во одговор за Инфомакс, Ганиу вели дека бил во Ист Гејт со сопствено возило и дека не му е јасно како секогаш ваквите запалени возила во Чаир ги поврзуваат со него.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсенал илегално оружје и муниција пронајдени во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Арсовска: Ганиу со фалсификат во Чаир „легализирал“…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по…

Ивановска: Сега е шанса да се расчисти…

- Ова е шанса да се расчисти…

Чаир е 19-ти по број на дивоградби…

Директорот на Државниот инспекторат за урбанизам и…

Јакимовски до Тошковски за дивоградбите во Чаир:…

*Фејсбук објава на градоначалникот на Општина Карпош,…