Неофицијално: Исмет Гури се предаде на полицијата – Претходно му беше распишана меѓународна потерница

t

Поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи, Исмет Гури, за кој МВР распиша меѓународна потерница денеска се предал во полициската станица во Киела Вода, дознава неофицијално Инфомакс.

Гури, најпрво беше во затворски притвор, а потоа му беше одреден куќен притвор поради здравствени проблеми, откако лани на 19 јули беше уапсен заедно со 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од УЈП, под сомнение за злосторничко здружување и даночна измама при што издавале фиктивни потврди за пребивање данок.

„Вчера, на Кривичниот суд му е јавено од МВР дека при проверката од полициски службеници, Исмет Гури не бил на адресата на која требаше да издржува куќен притвор. Распишана е меѓународна потерница по него“, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје кој претходно му одреди мерка куќен притвор.

Бегството се случило откако Обвинителството по жалба побарало куќниот притвор на Гури да му се преиначи во ефективен притвор, во затворот во Шутка. Советот од тројца судии во Кривичниот суд му одредил мерка притвор на Гури. Но кога отишла полицијата вчера да го земе Гури и да го спроведе во Шутка, не го нашла дома.

Со повеќегодишната шема на злосторничкото здружение во Управата за јавни приходи, на чие чело со години бил Исмет Гури, оштетени се големи фирми за околу 2 милиона евра. Гури и дел од осомничените, формирале фирми на кои им давале фиктивни потврди од УЈП дека преку нив други фирми можат да пребијат данок. Големи фирми плаќале, пребивале данок преку овие со лажните потврди дека може преку нив други фирми и компании да плаќаат данок со пребивање.

Од МВР се уште нема потврда дека Гури се предал. Повеќе информации очекувајте во текот на денот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неофицијално: Исмет Гури се предаде на полицијата…

Поранешниот заменик-директор на Управата за јавни приходи,…

МВР постапува по предмети поврзани со криминал…

Министерството за внатрешни работи постапува по повеќе…

МВР: Полицијата не донела одлука за отстранување…

Во врска со настаните на фудбалскиот натпревар…

Возач возел без лиценца за јавен превоз,…

Возач возел без лиценца за јавен превоз,…

Во гаснење на пожарот на планината Мукос…

Во гаснење на пожарот на планинатата Мукос…