Објавено на:

Неофицијално: Руски бомбардери го убија најбараниот криминалец во светот

t

Лидерот на милитантната група Хајат Тахрир ал-Шам, Абу Мохамед ал-Голани, чии сили вчера упаднаа во сирискиот град Алепо, наводно е убиен во руски воздушен напад, според непотврдени извештаи на арапските медиуми.

Претходно руското Министерство за одбрана објави дека нивните воздушни сили извршиле напади врз сириските бунтовници како поддршка на сириската армија, јавуваат руските агенции.

Ахмед Хусеин ал-Шара, познат по името Абу Мохамед ал-Голани е еден од најбараните терористи во светот.

САД понудија награда од 10 милиони долари за информација што ќе доведе до негово апсење.

Неговата група ХТС, порано позната како Фронт Нусра, беше прогласена за терористичка организација од САД, Русија, Турција и други земји.

Сирискиот претседател Башар ал Асад, близок сојузник на Москва, постојано ја обвинува оваа група за терористички активности во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неофицијално: Руски бомбардери го убија најбараниот криминалец…

Лидерот на милитантната група Хајат Тахрир ал-Шам,…

Македонски државјанин се вратил од Русија па…

Кривична пријава за едно лице за учество…

Совет за национална безбедност на Косово: Србија…

Со вонредната седница на Советот за безбедност…

(Видео) Oфанзива на џихадистите во Алепо, сириските…

Бунтовниците и нивните сојузници, кои започнаа голема офанзива…

Бајден: Русија изврши ужасен воздушен напад врз…

Русија изврши ужасен воздушен напад врз Украина…