Неофицијално: Руски бомбардери го убија најбараниот криминалец во светот
Лидерот на милитантната група Хајат Тахрир ал-Шам, Абу Мохамед ал-Голани, чии сили вчера упаднаа во сирискиот град Алепо, наводно е убиен во руски воздушен напад, според непотврдени извештаи на арапските медиуми.
Претходно руското Министерство за одбрана објави дека нивните воздушни сили извршиле напади врз сириските бунтовници како поддршка на сириската армија, јавуваат руските агенции.
Ахмед Хусеин ал-Шара, познат по името Абу Мохамед ал-Голани е еден од најбараните терористи во светот.
САД понудија награда од 10 милиони долари за информација што ќе доведе до негово апсење.
Неговата група ХТС, порано позната како Фронт Нусра, беше прогласена за терористичка организација од САД, Русија, Турција и други земји.
Сирискиот претседател Башар ал Асад, близок сојузник на Москва, постојано ја обвинува оваа група за терористички активности во земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…