Несреќа во Србија: Старец пронајден мртов во бунар, пријавил неговиот внук

t

Во селото Рановац кај Петровац во Србија, попладнево е пронајдено безживотно тело на 81-годишен старец.

Според информациите од СВР Пожаревац, телото го пронашол внукот на жртвата, кој потоа повикал полиција.

Набрзо, покрај полицијата, на терен пристигнала и противпожарната единица која го извлекла телото од бунарот.

Надлежното обвинителство нареди обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Случајот ќе биде затворен доколку се утврди дека падот во бунарот се случил случајно или се работи за самоубиство.

Само доколку се посомнева дека смртта е предизвикана од насилство, ќе се покрене истрага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Русија нема докази дека Иран сака…

Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…

Трамп: Неколку пати досега требаше да добијам…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници…

Како што брифираат од партијата, со одлука…

На граничните премини Табановце и Богородица се…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Денеска се празнува Пренос на моштите на…

Се празнува на 8 февруари и под…