Несторовски пред кам-бек во Серија Б – Тернана и Козенца потенцијални дестинации
Македонскиот репрезентативен центарфор Илија Несторовски најверојатно ќе се врати во Серија Б, откако пропадна опцијата да замине во Венеција, која се споменуваше како опција во минатиот месец, па сега Тернана и Козенца се две потенцијални дестинации, најавуваат италијански новинари.
Еден од најпознатите новинари Џанлука Ди Марцио објави дека во моментов Тернана е најблизу до потписот на прилепчанецот, кој од 2016 година е на Апенините, а во последните четири години беше дел од Удинезе, но му заврши договорот и сега е слободен.
Втората опција засега за Несторовски на нецели три недели до крајот на преодниот рок е Козенца која покажала интерес, но Тернана во моментов е во предност.
Инаку Несторовски во моментов тренинра индивидуално со уште еден свој соиграч од Удинезе во исчекување на трансфер за продолжување на кариерата. Тој во Италија дојде во летото 2016 година, во Палермо за пола милион евра од хрватски Интер Запрешиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…