Нето надворешниот долг изнесува 4,58 милијарди евра, објави Народна банка

t

Нето надворешниот долг заклучно со декември 2025 година изнесувал 4,58 милијарди евра или 27,1% од БДП, соопшти Народната банка.

Податоците покажуваат дека нето надворешниот долг во четвртиот квартал од 2025 година е зголемен за 102 милиона евра или за 2,3%, што како што посочуваат од Народната банка е резултат на кварталното зголемување на обврските.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71%.

Во четвртиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 25 милиони евра и изнесува 8,75 милијарди евра, што претставува 51,6% од БДП за 2025 година.

Најголемиот дел од овој износ (97%) се нето-обврски врз основа на директните инвестиции, од кои 70% се врз основа на сопственичкиот капитал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нето надворешниот долг изнесува 4,58 милијарди евра,…

Нето надворешниот долг заклучно со декември 2025…

Курсна листа на НБРМ: Ова е денешната…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…