Не го преболеа тој ден – Демерџиев: Над 200 Бугари не беа пуштени да му оддадат почит на Гоце Делчев
МВР напредува со собирање информации за Бугарите на кои не им беше дозволено да оддадат почит на роденденот на Гоце Делчев, соопшти министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев.
Тој потсети дека информацијата ја побарал претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски и ќе биде пренесена преку нивното Министерство за внатрешни работи.
„Да видиме како ќе се реагира на оваа информација. Имаме податоци од Граничната полиција. Сите лица кои не успеаја да поминат и беа вратени по повеќечасовно чекање, ги идентификувавме, знаеме кои се. Се работи за 200 па ќе бараме објаснување зошто се случи ова. Ваквото однесување е провокација. Секоја провокација раѓа контра-реакција, а сето тоа се множи со текот на времето. Мораме, доколку сме одговорни, да направиме се што е потребно за да ги вратиме работите на почетната позиција, наместо да долеваме масло на огнот кој е вештачки создаден и кој нема причина да го има меѓу двете земји“, рече Демерџиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР демантира дека Тошковски го наместил тендерот…
„Во врска со написите на политичката партија…
Лажни полицајци претепале маж во Центар
„На 21 јуни 2025 година, во 16:30…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…