(Видео) Арсовска: Не е вистина дека Скопје е меѓу најзагадените градови во светот – Секојдневно ќе излегуваме со информации за нивото на PM-10 честиците

t

Низ јавноста се пласираше информација дека Скопје бил меѓу најзагадените градови во светот, што е апсолутна невистина. Јас ги извадив параметрите од цела измината година и ние досега сме имале најмал број на денови со надминување на колиината на PM-10 честичките, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– За да се елиминираат овие невистини кои се пласираат во јавноста, ние имаме мерни станици, но има и меѓународни организации кои ги мерат овие параметри и ќе излегуваме секојдневно во јавноста со инфомрација за граѓаните дали е загадено, колку е загадено и во која општина е загадено за да си ја лоцираат граѓаните одговорноста и да знаат каде да ја бараат.

Македонија не е ни во првите 30 во светот, ниту градот Скопје, а просекот кој го вади Скопје е просек кој го генерираат три општини и ние ќе повикаме на одговорност на сите институии и на општините и на Министерството за животна средина.

Исчистивме многу депонии низ градот Скопје но ако некој сака повторно да прави ќе има одговорност, нагласи Арсовска.

Градоначалничката додаде дека покрај паричната одговорност, односно санкциите кои се изрекуваат ќе има и кривична одговорност за загадувачите.

Арсовска додаде дека доколку со години некој не ги казнува големите загадувачи веројатно станува збор за корупција или од поединци службеници во институциите или од високи функционери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…