Не е на арно: Лани биле издадени над милион и триста рецепти за диазепам во Македонија

t

– Кога оди на лекар ако му даде помалку лекови не е добар докторот, ако му даде повеќе добар е…

Дали Македонците се зависни од пиење на лекови, или пак спасот од економските и егзистенцијални притисоци го бараат во апчињата?

Лани биле издадени над милион и триста рецепти за диазепам, а милионска е бројката и за друга терапија која е пропишана за депресија или анксиозност. Овие статистики не се само за 2023, туку овој загрижувачки тренд е веќе со години и само постојано расте бројката на пропишани рецепти. Дури пациентите и сами знаат кога им треба ваков лек, пишува Сител.

– Наши матични пациенти ќе дојдат ќе ја фрлат книшката и ќе каже, дај ми цитерал, дај ми диазепам- вели д-р Анкица Станоевска, матичен лекар.

Многу од седативите, иако не смее без рецепт, сепак граѓани успеваат да ги купат во аптека. Матичните велат ги бараат зашто за половина час ги смируваат, но тоа не е начин за справување со стресот.

– Придонесуваат и условите за живот, значи во добро развиени земји, од искуство на нашите лекари кои работат во странство, бројките се запрепастувачки. Таму многу малку пропишуваат бензодиазепами, се работи на менаџирање на стресот, дури и се препорачуваат физички активности кои одат на Фондот за здравствено осигурување, што кај нас е мисловна именка, вели д-р Станоевска.

И навика, и утеха и бегање од секојдневните проблеми е потребата од пиење на лекови, но фали и превенција, велат граѓани.

– Пијат многу, за се, за смирување, витамини…Ни треба превенција, не работат превентивни служби, да ги повикуваат хроничните болни, да ги опоменуваат…Колку лекови пиете дневно – не бројам, плус и витамини – велат граѓани.

Но не е само диазепамот и другите лекови за смирување. Милионски рецепти има и за висок крвен притисок и срцеви заболувања.

– Јас ќе речам добро, голема бројка отишла, се прегледала, добила терапија. Но убаво кажавте, бројките се фрапантни, тоа значи толкав е ризикот од кардиоваскуларни заболувања и тоа е бројка на тие што биле на преглед, а колку не отишле, вели д-р Станоевска.

Многу учесници во здравствениот систем мора да работат на намалување на овие бројки, апелираат матични. И за користењето на антидепресиви, но и подобрување на превенцијата за да не пијат граѓаните лекови за притисок и срце.

Извор: Сител

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишен од слобода маж од велешко поради…

На 07.08.2024 во 12 часот во Велес,…

(Видео) Предупредување за цунами! Земјотрес од 7.1…

Земјотрес со јачина од 7,1 степен според…

Ребалансот на пленарна седница во понеделник, ни…

Собранието за понеделник ја закажа седницата на…

ДУИ: Стравот од целосен ветинг не се…

Демократската унија за интеграции бара веднаш да…

Спречена е трагедија, заканата за концертите на…

Заканата од терористички напади на концертите на…