Објавено на:

Не е сè така розово: Шефот на Вагнер ја обвини руската армија за предавство

t

Шефот на руската паравоена група Вагнер Евгениј Пригожин денеска го обвини Генералштабот на руската армија за „предавство“ затоа што одби да им обезбеди опрема на неговите платеници на линијата на фронтот во источна Украина.

Светските агенции коментираат дека изјавата на Пригожин укажува на зголемена тензија меѓу неговата Вагнер група и руската армија, бидејќи се чини дека двете сили се во конкуренција на теренот во Украина.

Тензиите станаа сè повидливи во последниве недели додека руските сили се обидуваат да го заземат источниот град Бахмут, при што војската и Вагнер тврдат дека напредуваат, со понекогаш спротивставени информации.

„Началникот на Генералштабот и министерот за одбрана даваат наредби по секоја цена, барајќи не само да не се дава муниција на паравоената група Вагнер, туку и да не и се помага во воздушниот транспорт„, рече Пригожин во аудио порака објавена на Телеграм, пренесе Бета.

Шефот на Вагнер оцени дека постои „фронтално противење, кое не е ништо повеќе од обид да се уништи Вагнер“.

„Тоа може да се спореди со предавство бидејќи Вагнер се бори за Бахмут и секој ден трпи стотици жртви“, рече тој.

Пригожин во минатото постојано ја критикуваше руската врховна команда, но отворената критика кон началникот на Генералштабот Валериј Герасимов и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, две клучни фигури во владата на Владимир Путин, очигледно е зголемување на тензиите.

Ниту руската армија ниту Министерството за одбрана досега не реагираа на изјавите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Француски политичар: Армијата да ја одбие наредбата…

Лидерот на француската партија „Патриоти“ и кандидат…

Србија ќе го враќа задолжителниот воен рок?…

Генералштабот на српските вооружени сили покрена иницијатива…

Нов „Вагнер“ на повидок? Путин го потпиша…

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша Законот…

Волстрит Журнал: Западот стравува од колапс на…

Загриженоста, наводно, доаѓа во време на големи…

Бела куќа: Вагнер сaка да обезбеди противвоздушна…

Белата куќа денеска соопшти дека руската платеничка…